Адем Шабани е последниот наследник на занаетот со лим во старата скопска Чаршија.
Адеми уште од детството се интересирал за овој занает кој го научил и го наследил заедно со дуќанот од татко му. Се сеќава на времето кога многу родители ги носеле своите деца да учат занаети различните работилници. Сега е поинаку, вели тој.
„Кога дојдов да го учам занаетот од татко ми, доаѓаа деца и од други села за да научат занает, дури и плаѓаа доколку имаше потреба, само за да научат занает. Тоа повеќе го нема, веќе никој не го интересира занаетот и никој не “, рече Адем Шабани – Занаетчија.
Дуќаните во Стара чаршија речиси и да ја загубија својата инфраструктура, додека дуќанот на Адем Шабани остана ист како некогаш.
„Не, оваа продавница не е сменета, од почетокот кога беше отворена е лимар, татко ми работеше овде, а јас сум тука редовно од 1897 година. Татко ми виде дека не ми оди во училиште и рече, оди учи некој занает подобро. Ја имаме оваа традиција, од татко ми до сега. „Дали имате заинтересирани наследници? Имам два сина, но воопшто не ги интересира овој занает“, додаде Адем Шабани – Занаетчија.
На оваа улица во во Чаршија, останаа само неколку дуќани, кои продолжуваат да се борат за живот, занаети кои без помош од државата полека ичезнуваат. Овој занает е всушност занает за преживување бидејќи според Шабани, иако порано со овој занает ги школувал децата, денес едвај ги покрива основните трошоци.
Адем Шабани е последниот наследник на овој занает во скопската чаршија, додека на оваа улица останаа многу малку занаети кои треба да се зачуваат и наследат, но и младите да дојдат да ги научат занаетите и да не се затвораат овие продавници.