Home » Стара носталгична фотографија од детството на легендарниот Бора Чорба во Чачак – Спомен што ги разнежи сите

Стара носталгична фотографија од детството на легендарниот Бора Чорба во Чачак – Спомен што ги разнежи сите

by Lina Muslija

Да потсетиме, иако не беше одамна, на 4 септември ова година се простивме од легендарниот рокер Бора Ѓорѓевиќ, а беше погребан во родниот Чачак. Зад себе ги остави сопругата Дубравка, синот Борис и ќерката Тамара.

Сега низ социјалните мрежи, секако во знак на драг спомен кружи црно-бела фотографија на која се наоѓа тинејџерот Борислав (Бора) целиот важен со своите драги луѓе. На фејсбук-заедница наречена „Чачак низ времето“ стои фотографијата која ја имаат „кликнато“ огромен број обожаватели на Бора Чорба.

Фотографијата е создадена благодарение на таткото на Бора, страстен аматер фотограф, кој сакал да ги бележи важните моменти од животот на својот син со својот фотоапарат. Некој ја испратил фотографијата, а групата „Чачак низ времето“ ги оживеа спомените. Зачувувајќи ја воедно и историјата на овој српски град.

Преку носталгичната слика сите се вратија во една есен пред 63 години, па така и познатиот музички рок-критичар Пеца Поповиќ, другарот на Бора. „Во дворот на баба му Милева. Мајка Љуба го прегрнала својот сакан внук, кој претходно и покажа што знае на штотуку добиената гитара за деветтиот роденден, а јас во првите фармерки купени во комисионот на улицата „Нушиќ“ во Белград.

 

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk