Home » Стано: Од резултатите од истрагата за нападот врз косовската полиција ќе зависи идниот пристап на ЕУ

Стано: Од резултатите од истрагата за нападот врз косовската полиција ќе зависи идниот пристап на ЕУ

by Журнал.мк

Целта на истрагата за нападот врз косовската полиција минатиот месец е да се добие јасна слика за тоа што се случи, кои беа учесниците во него и кој го оркестрирал, по што ЕУ ќе донесе одлука за следниот чекор во нејзиниот пристап кон Србија, Косово, дијалогот и регионот, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.

-Има многу начини како да се придонесе во истрагата, бидејќи тоа што се случи на 24 септември е многу сериозно и мора целосно да се истражи, изјави Стано, додавајќи дека ЕУ очекува целосна и безусловна соработка од страна на Србија во истрагата.

Тој истакна дека пораката од ЕУ и од целата меѓународна заедница до Србија и до Косово е да се вратат на дијалогот, бидејќи тоа е единствениот начин за нормализација на нивните меѓусебни односи.

-Јасната порака до двете страни е: вратете се на дијалогот. Ако не се вратите на дијалогот, нема да најдете решение. Втора важна порака е да се работи на деескалација, додаде Стано.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More