Home » Станиќ: Наша цел е напролет да бидеме дел од водечката група на тимови

Станиќ: Наша цел е напролет да бидеме дел од водечката група на тимови

by Lina Muslija

Скопски Работнички е најпријатно изненадување во есенскиот дел од шампионатот на Македонија. Со 37 бода екипата на Горан Станиќ презими на делба на првите три места, заедно со Силекс и Шкендија.

Тренерот на „Херојот од Дебар маало“ се наврати на полусезоната и ги пофали своите избраници.

„Огромен успех е што се вклучивме во трката за титулата, иако тоа никој не го очекуваше од нас. Се фокусиравме на секој нареден натпревар и играчите тоа го прифатија. Од есенскиот дел би го издвоил натпреварот против Шкендија во Тетово, каде освоивме бод и не реализиравме пенал.

Наша цел е напролет да бидеме во водечката група. Во клубот сонувавме дека ќе бидеме актери во врвот, а надеж ми даде финишот на минатата сезона. Го надоградивме тимот од минатата сезона и сега имаме тим кој може да се натпреварува со секој ривал“, рече Станиќ.

Пролетниот дел на шампионатот почнува на 16 февруари и преостануваат уште петнаесет кола.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk