Home » Стагнираа берзанските индекси на Волстрит

Стагнираа берзанските индекси на Волстрит

by Журнал.мк

Во средата на Волстрит се тргуваше внимателно, а индексите останаа речиси непроменети, бидејќи инвеститорите стравуваат од ескалација на војната меѓу Русија и Украина и затоа што не сакаат да ризикуваат пред објавувањето на деловните резултати на технолошкиот гигант „Nvidia“.

Индексот Dow Jones зајакна 0,32 отсто, на 43.408 поени, а S&P 500 за еден поен, на 5.917 поени. Индексот Nasdaq ослабе, пак, за 0,11 отсто, на 18.966 поени.

Инвеститорите се претпазливи бидејќи стравуваат од ескалација на војната меѓу Русија и Украина, откако Украина истрела проектили со долг дострел од американско шроизводство кон Русија, а рускиот претседател Владимир Путин рече дека Русија може да размисли за употреба на нуклеарно оружје доколку биде нападната со конвенционални ракети поддржани од нуклеарна сила.

Дополнително, инвеститорите не сакаа да преземаат ризици пред деловниот извештај на „Nvidia“.Откако претходниот ден скокна за речиси 5 отсто, цената на акцијата на производителот на чипови со вештачка интелигенција вчера благо падна. Во продолженото тргување по затворањето на Волстрит, цената на аакцијата на „Nvidia“ падна за дополнителни 2 отсто, иако компанијата објави нешто подобри резултати од очекуваните.

На европските берзи вчера паднаа цените на акциите. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,17 отсто, на 8.085 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,29 отсто, на 19.024 поени, а париски CAC 0,43 отсто, на 7.198 поени.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk