Home » Стјуардеса од Белград била во превртениот авион во Торонто, во критична состојба е

Стјуардеса од Белград била во превртениот авион во Торонто, во критична состојба е

by Журнал.мк

Стјуардесата Вања Вичентијевиќ (32) од Белград е тешко повредена во несреќата со авионот на аеродромот во Торонто. Таа е во критична состојба и се бори за живот, јавуваат српските медиуми.

Стјуардесата Вања Вичентијевиќ (32) од Белград е една од тешко повредените во несреќата кога авион на „Делта ерлајнс“ се превртел при слетување на меѓународниот аеродром Пирсон во Торонто, Канада.

Редакцијата на „Блиц“ стапила во контакт со семејството на Вања, а за неа знаат само дека е во болница и е во многу критична состојба, што значи дека лекарите се борат за нејзиниот живот.

„Вања работеше како стјуардеса на летот 4819, а при слетувањето на аеродромот Принстон во Торонто беше тешко повредена. При превртувањето на авионот, таа сега е без свест. Нејзината состојба е многу критична, а таа се бори за живот. Толку ни кажаа од болница, друго не знаеме“, изјави за „Блиц“ нејзината братучетка Мирјана Дориќ.

Според Мирјана, Вања, која по потекло е од Сопот, моментално се наоѓа во болницата во здравствениот центар Пирсон, откако се здобила со повреди во авионската несреќа.

„Бараат некој од семејството да оди таму за детали. Ништо друго не дознавме од медиумите. Семејството е очајно, се надеваме на најдоброто и дека ќе се извлече. Толку ни остана“, вели за „Блиц“ братучетката Мирјана Дориќ.

Според последните информации, најмалку 18 лица се повредени, од кои три потешко, откако вчера при слетување на меѓународниот аеродром Пирсон во Торонто се превртел авион со кој управувала американската компанија „Делта ерлајнс“.

Меѓу тројцата тешко повредени има и едно дете кое со возило на брза помош било пренесено во детската болница во Торонто. За среќа, сите 80 патници преживеале, а за време на инцидентот виселе наопаку.

Истрагата за несреќата ќе ја водат канадските власти, бидејќи се случила на канадска територија. Детали за причините за инцидентот се уште не се познати.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk