Home » ССМ излегува на улица на 2. април

ССМ излегува на улица на 2. април

by Журнал.мк

Првиот човек на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов информира дека донеле одлука да излезат на улиците на Скопје на 2-ри април. Ова е поради одлуката на Владата за еднострано усвојување на информацијата, според која утврдија минимална плата, на штета на рработниците во Македонија и неприфаќајки ги предлозите за висината.

Според Трендафилов, не се преговара со поголемиот дел на гранските синдикати на ССМ ниту за висината на платите во јавниот сектор.

-Од последната прес-конференција се засилија нападите кон ССМ и другите синдикати од политичка партија и политички поставени директори кои земаат плати од нашите плати кои ги плаќаме како даноци. Ги плаќаме за жестоко да се борат со закани и уцени, откази и намалување на плати на наши активисти, со цел да направат друг репрезентативен синдикат на штета работниците, кажа претседателот на ССМ на прес-конференција и упати апел за поддршка на ССМ од страна на работниците.

Трендафилов истакна дека не се тука за да ја рушат Владата, туку за да им се покачат платите за да се живее достоинствено.

Минималната плата за 2025 година ќе се зголеми за 2 685 денари во бруто-износ, односно за 1 812 денари во нето-износ, рекоа од Владата. Уште претходно синдикатите излегоа со предлог за утврдување на минималната плата согласно законот, но и донесување на одлука со која минималната плата ќе се зголеми за дополнителни 6.000 денари. Тоа ќе повлече зголемување и на другите плати.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk