Home » ССМ: До крајот на годината работодавачите да исплатат К-15, инаку следуваат казни

ССМ: До крајот на годината работодавачите да исплатат К-15, инаку следуваат казни

by Журнал.мк

Сојузот на синдикати на Македонија потсетува дека до крајот на годината на работниците треба да им се исплати регрес за годишен одмор што е регулирано со Општиот колективен договор за јавниот сектор и со Општиот колективен договор за приватниот сектор.

– Како репрезентативен синдикат во јавниот сектор, минатата 2023 година го потпиша Општиот колективен договор за јавен сектор со кој по подолг временски период покрај другите права го обезбеди и правото на регрес за годишен одмор за сите вработени во јавниот сектор. Во таа смисла потсетуваме дека ова право треба да им се обезбеди на работниците до крајот на годината, за што всушност Владата на својата последна седница донела одлука дека целиот јавен сектор треба да исплати регрес за годишен одмор за вработените, а работодавачите потребно е да ја почитуваат во целост – информираат денеска од ССМ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk