Home » ССМ бара оставка од тројцата судии кои донесоа одлука за одземање на нивната зграда

ССМ бара оставка од тројцата судии кои донесоа одлука за одземање на нивната зграда

by Журнал

Сојузот на синдикати на Македонија бараат оставка од судиите Шпенд Деваја, Наке Георгиев, Исамедин Лимани од Врховниот суд кои ја донеле пресудата за одземање на имотот на Синдикатот. Од ССМ се сомневаат дека одлуката била донесена под политички притисок и како што велат најмалку што можат сега да сторат судиите е да донесат нова пресуда со која ќе ја поправат старата.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, на денешната прес-конференција најави дека ако до петок судиите не поднесат оставки, тогаш од следната недела ќе почнат постапка пред Судскиот совет за нивно разрешување.

– Овие тројца луѓе од Советот на пет судии, вклучително и Елица Крстевска и Анета Бошковска кои гласале против ваквата одлука, ја донеле пресудата со нивно слободно убедување без аргументи, со користење на закон што не е во сила, рече Трендафилов.

Тој објасни дека тројцата судии во пресудата се повикуваат на законот од 1998 година кој е вон сила, затоа што во 2010 година е донесен нов закон.

– Многу ми е жал што овие врховни судии не знаат дека од 2010 година има нов закон за здруженија и фондации во кој во членот 2 се наведува дека одредбите од овој закон не се однесуваат на политички партии, цркви, верски заедници, религиозни групи, синдикати, комори и други видови на здружување утврдени со посебни закони, рече Трендафилов, додавајќи дека дури и во член од законот од 1998 година е наведено дека имотот на ваквите здруженија стекнат од сопствени пари им припаѓа на тие здруженија.

Трендафилов рече дека за случувањата информирани се европските и светските синдикати. Најавуваат постапка и пред Меѓународниот суд на правдата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More