15.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

SsangYong го лансира Korando e-Motion, доаѓаат и други два модели

Најчитани вести

SsangYong се подготвува за лансирањето на два нови целосно електрични возила – еден SUV и еден пикап модел, се со цел да го задржи чекорот со конкуренцијата кога станува збор за развојот на нови модели кои користат алтернативни извори на енергија. Поради тоа, дизајнерските и инженерските оддели на компанијата работат пасионирано за создавање на нови возила.

Во согласност со сето ова, производителот го најави својот прв целосно електричен модел, а станува збор за Korando e-Motion, кој треба да пристигне во Европа во август, а во Велика Британија кон крајот на 2021 година. Производството е веќе започнато, но недостигот на полупроводници доведе до мало одложување на лансирањето на автомобилот.

Според информациите, Korando e-Motion поседува електромотор со 192 КС и 61,5 kWh литиум-јонска батерија која овозможува опсег на движење од 420 километри и максимална брзина од 152 километри на час. Исто така, јасно е дека е базиран на конвенционалниот Korando со неколку дизајнерски промени како што е прекриена предна решетка, редизајнирани браници и ред други работи карактерстични за електричните возила, со што ќе се нагласи карактерот на возилото и ќе ја унапреди аеродинамичната ефикасност.

Вториот електричен SUV доаѓа во 2022

Вториот електричен SUV од SsangYong ќе пристигне подоцна и ќе биде поставен под поголемиот Rexton. Овој модел го има кодното име J100, а од официјалните цртежи може да се забележи и неговиот дизајн. Конкретниот електричен SUV се очекува да биде лансиран во 2022 година, а по него ќе пристигне целосно електричен пикап.

SsangYong

Трите нови електрични возила ќе ја комплементираат поставата на модели со мотор на внатрешно согорување на SsangYong како што се Tivoli, Korando, Musso и Rexton.

Покрај лансирањето на ваквите возила „со цел да ги пресретнат идните побарувања на меѓународниот автомобилски пазар“, од SsangYong истакнуваат дека ова е план „со кој ќе се осигура опстанокот на автомобилскиот пазар кој рапидно се менува и со ова ќе се достигне идниот раст“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести