Српското МВР почна со апсења на лица кои се осомничени за планирање на дела против уставното уредување и безбедноста на државата. „Политика“ објави дека приведени се три лица под сомнение дека планирале државен удар.
Според весникот, лицата, на состанок на 12 март, планирале насилна промена на уставното уредување, а снимките беа емитувани на повеќе српски телевизии.
Телевизија Телма има медиумска екипа (новинарот Огнен Чанчаревиќ и снимателот Зоран Трајковски) во Србија која ќе известува за актуелните случувања во Белград. Првите јавувања ќе бидат во вечерните вести и во дебатната емисија „Топ тема“.