Министерот за култура на Србија Никола Селаковиќ вечерва бил претепан во Белград.
Како што наведуваат српските медиуми, Селаковиќ бил кај родителите кога непознати лица го пресретнале и го нападнале. Министерот Никола Селаковиќ е нападнат кај Црвениот крст, сега е на лекар, се утврдува степенот на повредите, по што ќе оди во полиција и ќе поднесе пријава“.
Се додава дека Селаковиќ бил нападнат пред зградата во која живеат неговите родители.
Полицијата трага по напаѓачите.
Селаковиќ претходно денеска беше во посета на „контрастудентите“ кои се противат на студентските блокади и поставија шатори во Пионирскиот парк во центарот на Белград. Таму, министерот, според провладините медиуми, бил вербално нападнат од неколкумина присутни луѓе надвор од студентските кругови, кои наводно сакале и физички да го нападнат.