Home » Српскиот хеликоптер „Супер Пума“ изгасна пожар со 248 тони вода кај Охрид

Српскиот хеликоптер „Супер Пума“ изгасна пожар со 248 тони вода кај Охрид

by Журнал.мк

Припадниците на Хеликоптерската единица и на Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, кои беа ангажирани во гаснењето на пожарот во Северна Македонија, успешно ја завршија мисијата во совладување на огнената стихија и се вратија во Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

– Од 3 август, нашиот храбар тим работеше рамо до рамо со колегите од Северна Македонија за да помогне во гаснењето на пожарите во тешки услови. Нашите пилоти за четири дена изведоа 74 прелети со хеликоптерот „Супер Пума“ и испорачаа 248 тони вода во подрачјата зафатени од пожарот, населбата Косел, северно од Охрид и Брежани на дел од територијата на Илинска Планина, како и селата во централниот дел на Северна Македонија -Папрадиште и Орешје, се наведува на Инстаграм профилот на МВР на Србија.

Како што е наведено, министерството е гордо на тимот кој учествуваше во оваа мисија.

-Нашиот заеднички напор нека биде потсетник дека границите меѓу нас се само физички, додека вистинското пријателство и поддршка се неограничени, се додава во соопштението.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More