Home » Српски вирусолог: Омикрон веројатно води до крај на коронавирусот

Српски вирусолог: Омикрон веројатно води до крај на коронавирусот

by Журнал.мк

Омикрон варијантата на коронавирусот веројатно е чекор во добра насока. Големи се шансите ова да е крај на короната, изјави српскиот вирусолог Миланко Шеклер.

Тој оцени дека стравот кој ескалирал со појавата на омикрон бил претеран.

– Откажувањето на летовите, според мене, беше погрешно. Не треба да се штитите од вирус кој е повеќе пренослив, но помалку патоген. Во исто време имате вирус во вашата земја кој е многу попатоген. Тоа беше избрзано, изјави Шеклер за телевизијата Нова С.

– Новите соеви сѐ повеќе и повеќе наликуваат еден на друг и заштитата подобро се совпаѓа, продолжува со оптимизам д-р Шеклер. Според него, хоспитализацијата на пациентите со делта варијантата била 5%, а со омикрон е околу 1%.

– Првиот сој од Вухан е најразличен од омикрон. Па, оној што се заразил во март/април 2020 година има големи шанси повторно да се зарази. Оние кои ја поминале варијантата делта имаат 30-40% шанси да се заразат со омикрон. Ако сте го прележале јужноафриканскиот сој, имате шанси од околу 50%. Оние кои биле заразени со алфа сојот имаат 60% шанси. Оној кој бил заразен со оној првиот, сојот од Вухан, има дури 75% шанси да се зарази, објасни Шеклер.

Како добра вест, тој наведува мала студија спроведена меѓу околу 50 семејства кои имале некои од четирите хумани коронавируси, при што се обиделе да ги заразат со омикрон. Сепак, заштитата што ја имале се покажала како ефикасна и ја спречила инфекцијата со омикрон.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More