Home » Српската опозиција повторно ја блокира зградата на судот во Нови Сад

Српската опозиција повторно ја блокира зградата на судот во Нови Сад

by Журнал.мк

Српските опозициски пратеници и градски советници утрово повторно ја блокираа зградата на судот и обвинителството во Нови Сад, информира српски „Н1“.

Оградени се скалите на судот, а полицијата направи премин каде што со помош на судската полиција можат да поминат вработените во зградата.

Пратеникот на Демократската партија, Срѓан Миливојевиќ, кој учествува во блокадите на судот во Нови Сад, стави лисици на оградата на влезот во судот, посочувајќи во изјава за медиумите дека тој не го сторил тоа, туку дека тоа веќе го направил Александар Вучиќ.

Градскиот советник од движењето „Браво“, Миран Погачар, посочи дека нема да се откажат од барањата да се ослободат уапсените на протестите.

Опозицијата најави дека во рок од 24 часа ќе бара оставка од министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ доколку не ги објави резултатите од работата на Секторот за внатрешна контрола.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk