Американскиот рапер Шон Картер, познат како Џеј Зи, и пејачката Бијонсе Ноулс се една од најмоќните брачни двојки во музичката индустрија. Тие се заедно повеќе од две децении, а во 2008 година го изговорија судбоносното „да“. Сепак, неодамна се појавија шпекулации дека, наводно, тие се пред развод на нивниот брак.
Многумина останаа зачудени од фактот дека списанието „Форбс“ ја наведе 43-годишната пејачка како Бијонсе Ноулс наместо Бијонсе Ноулс-Картер на неодамнешната листа на најмоќни жени на годината.
Ова се случи кратко откако нејзиниот сопруг, 55-годишниот хип хоп могул, беше обвинет за сексуален напад на 13-годишно девојче заедно со Диди на доделувањето на видео музичките награди на Ем-ти-ви во 2000 година. И двајцата рапери жестоко ги отфрлија тврдењата, а Џеј Зи изјави дека ги негира сите наводи.
Сепак, по сето она што излезе на виделина за Диди, со кого Џеј З е најдобар пријател со години, малку е потешко да се убеди јавноста дека некој што ги поддржал неверојатните постапки на Диди и самиот е невин.
Од „Форбс“ сè уште не објавија дали било обична грешка што ја потпишале пејачката без презимето на нејзиниот сопруг или дали од нејзиниот тим им било кажано да го изостават неговото презиме.
Да потсетиме, Џеј Зи и Бијонсе тврдеа дека се само пријатели во првата година и пол од нивното познанство. Тие ја потврдија нивната врска во 2004 година, на доделувањето на Ем-ти-ви наградите во Мајами. Три години подоцна, раперот ја запроси пејачката, а следната година стапија во брак во Њујорк. Тие ја добија првата ќерка Блу Ајви во 2012 година, а пет години подоцна и близнаците Руми и Сира.