Home » Средби на министерот Тошковски со амбасадорите на Босна и Херцеговина и Холандија

Средби на министерот Тошковски со амбасадорите на Босна и Херцеговина и Холандија

by Журнал.мк

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со амбасадорот на Босна и Херцеговина, Н.Е. Драган Јачимовиќ.

Министерот Тошковски ја потенцираше одличната досегашна соработка со Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина и изрази подготвеност за продлабочување на соработката, меѓу другото, и преку усогласување на неколку акти, како што се Меморандумот за поддршка и соработка во областа на заедничките обуки и Протоколот за соработка во областа на форензичките испитувања и вештачења, кои ќе овозможат олеснување на ваквата соработка.

Исто така, денеска, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба и со холандската амбасадорка Н.Е. Озлем Канел, на која се разговараше за реформите во безбедносниот сектор и соработката на заедничките проекти и прашања од областа на безбедноста. Беше разговарано за склучување на договор за полициска соработка меѓу владите на двете земји, кој ќе ја дефинира соработката во областите на борбата против екстремизмот и тероризмот, борбата против трговијата со дрога, како и во областа на форензиката, компјутерскиот криминал итн.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk