Home » Средба со СОНК: Заедно во насока на подобрување на условите за вработените во детската заштита

Средба со СОНК: Заедно во насока на подобрување на условите за вработените во детската заштита

by Журнал.мк

Веруваме дека преку заеднички ангажман и редовна комуникација, можеме да ги идентификуваме предизвиците и да работиме на реални и одржливи решенија во интерес на вработените и децата, објави Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади.

Денеска остваривме конструктивна и отворена средба со претставници на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), каде што разговаравме за прашања од значење за вработените во установите за згрижување и воспитание на деца.

Меѓу темите кои ги разгледавме беа:
– Потребата од подобрување на материјалниот статус на вработените;
– Унапредување на условите за работа и организацијата во градинките;
– Прашања поврзани со колективните договори и законската рамка за детска заштита;
– Можности за проширување на капацитетите преку изградба на нови градинки во различни општини, со што би се придонело кон порамномерно распределување на децата и намалување на притисокот врз постојните установи.

Во насока на продолжување на дијалогот, разговаравме и за можноста за формирање работна група во која би биле вклучени претставници на синдикатот, вработени од областа на детската заштита и релевантни стручни лица.

Министерството останува отворено за соработка и размена на мислења, со цел преку конструктивен пристап да придонесеме кон постепени подобрувања во системот на детска заштита.

Веруваме дека преку заеднички ангажман и редовна комуникација, можеме да ги идентификуваме предизвиците и да работиме на реални и одржливи решенија во интерес на вработените и децата, објави Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk