Разговаравме за преземените и планираните активности на Агенцијата, неопходни за унапредување на односите и соработката со нашите иселеници и нивните различни иселенички организации.
Агенцијата остварува интензивна соработка со импозантна иселеничка мрежа од 700 црковни, спортски и културно уметнички иселенички организации, коишто изразуваат силен интерес за средби со неа и со други највисоки претставници на државата, како неопходен механизам за зајакнување на односите со татковината.
Со директорот Горан Ангелов споделив идеја за доделување награди на најуспешните и најреномираните нашинци од дијаспората во сферата на науката, културата, бизнисот, спортот, како и за нужноста од изработка на „Дигитален регистар на најуспешните во дијаспората“ во соработка со Владата, МАНУ, универзитетите, амбасадите и други субјекти, заради евиденција на нашиот највреден социјален капитал надвор, како и за нивен ангажман во татковината!