Денеска остварив средба со амбасадорот на Португалската Република со седиште во Белград, Жозе Руи Велез Каросо.
Заеднички оценивме дека билатералните односи меѓу двете земји се добри и пријателски, со постоечки потенцијал и заемна посветеност за нивно натамошно унапредување и продлабочување. Разменивме мислења и за низа актуелни прашања од регионален и глобален карактер, како и за можностите за интензивирање на мултилатералната соработка.
Се заблагодарив за континуираната поддршка од Португалија на македонскиот евроинтеграциски пат. Во оваа насока, амбасадорот Велез Каросо ја изрази подготвеноста за понатамошно градење блиски и партнерски односи преку зајакнување на соработката во сите области од заеднички интерес.
Заеднички ја потврдивме важноста од цврстото сојузништво меѓу двете земји и во рамките на НАТО, преку заеднички ангажман во обезбедувањето на регионалната и европска стабилност, мир и просперитет.
Средба со амбасадорот на Португалската Република со седиште во Белград, Жозе Руи Велез Каросо
41