Home » Средба Николовски – Станков

Средба Николовски – Станков

by Журнал.мк

Унапредување на соработката со Државен завод за статистика, преку повисок степен на дигитализација и електронска размена на податоците, за што ќе биде потпишан нов Меморандум за соработка…

Унапредување на соработката со Државен завод за статистика, преку повисок степен на дигитализација и електронска размена на податоците, за што ќе биде потпишан нов Меморандум за соработка. Ова е договорено на денешната средба на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски со директорот на Државен завод за статистика, Дејан Станков.

„Царинската управа ја олеснува трговската размена со останатиот дел од светот, а истовремено податоците за надворешно трговската размена ги разменува со Државниот завод за статистика. Високиот степен на дигитализација ни овозможува да бидеме во тек со светските трендови, а сетовите на податоци кои ги разменуваме во делот на надворешно трговската размена овозможува компаниите да направат истражување на пазарот и дефинирање на нивните стратегии, за економски студии, но и за унапредување на трговските политики на државно ниво“, истакна директорот Николовски.

Директорот на Државен завод за статика, Дејан Станков на состанокот потенцира дека примарна цел на Државниот завод за статистика е дигитализација на процесите и зголемено користење на административните извори при продукција на официјалните статистички податоци.

„Во насока на понатамошно хармонизирање, модернизирање и унапредување на системите, електронското преземање на податоци од Царинската управа е исклучително значаен чекор“, вели Станков.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk