Home » Средба Николоски – Ле Риголер

Средба Николоски – Ле Риголер

by Журнал.мк

На средбата на која се потврдија добрите билатерални односи меѓу двете земји, беа разменети меѓусебни мислења и ставови за политичките и економски прашања во земјава и регионот…

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со заменик министерката Калтрина Зеколи Шаќири, денеска остварија работна средба со амбасадорот на Француската Република, Кристоф Ле Риголер. На средбата на која се потврдија добрите билатерални односи меѓу двете земји, беа разменети меѓусебни мислења и ставови за политичките и економски прашања во земјава и регионот.

Вицепремиерот Николоски го истакна пријателството меѓу Македонија и Франција и ја потенцира можноста за унапредување на билатералните односи, со посебен акцент на економската соработка и поддршка во делот на реализација на инфраструктурните проекти. Притоа, вицепремиерот Николоски го запозна амбасадорот Ле Риголер со развојните планови на Владата и планираните инфраструктурни проекти, посебно проектите кои имаат регионално значење и со кои се придонесува за забрзан економски развој на земјите од регионот. Исто така на средбата се разговараше и за реформскиот процес на земјата, интеграциите и членството во Европската Унија. Македонија е фокусирана на интегративниот процес, потенцира вицепремиерот Николоски а владините политики се насочени кон реформирање на земјата и борбата против корупцијата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk