Home » Средба на Тошковски со полициските синдикати

Средба на Тошковски со полициските синдикати

by Журнал

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски остварил средби со раководствата на Македонскиот полициски синдикат, Независниот синдикат на полицијата и Синдикатот на полиција во Македонија.

На средбите ја изразил својата отвореност за соработка со сите синдикати и посочил дека како министер има чесни и искрени намери за подобрување на работата на министерството во целост и во таа насока најавил дека ќе биде партнер на синдикатите со цел да се зајакне достоинството на полициските службеници кои треба да бидат сервис на граѓаните и гарант за безбедноста на државата.

„Исто така, од страна на министерот беше побарано од синдикатите во рамките на своите можности да помогнат во надминување на предизвиците поврзани со кризата која се појави во делот на издавање на лични документи, а од негова страна ќе бидат преземени сите мерки и активности во рамките на законските можности со цел обезбедување награда за оние вработени кои ќе изразат желба да помогнат во надминување на предизвиците поврзани со овој процес“, се вели во соопштението од МВР.

Од страна на раководителите, пак, министерот бил запознаен со структурата и работата на синдикатите и била изразена благодарност за поканата за средба и подготвеност за соработка и воспоставување на партнерски однос со министерот во насока на подобрување на условите и работата на министерството.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More