Home » Средба на секретарите на СДСМ и Самоопределување, Зечевиќ-Рама, во Косово

Средба на секретарите на СДСМ и Самоопределување, Зечевиќ-Рама, во Косово

by Журнал

Денеска во Приштина, Косово, се одржа средба меѓу генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски, секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ, претседателот на СДММ Марко Михаилоски и генералниот секретар на партијата Самоопределување, Алим Рама придружуван од секретарот за меѓународна соработка од оваа партија, Хајрула Чеку.

На средбата се разговараше за понатамошната соработката меѓу двете партии, за регионалната соработка и дијалогот како клучни столбови за стабилност и европската иднина на Западен Балкан.

Взаемно беше истакната заложбата за продлабочување на соработката меѓу партиите во рамки на ПЕС, откако Самоопределување стана придружна членка на Партијата на европски социјалисти, но и помеѓу политичките подмладоци.

Заеднички е потврдено дека европски вредности и дијалог за сите прашања се исклучително важни за државите во целиот регион и прогресивните партии треба да придонесат во јакнење регионалната соработка и стабилноста на Западен Балкан.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More