Home » Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Управата за финансиско разузнавање

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Управата за финансиско разузнавање

by Журнал.мк

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Блажо Трендафилов, директор на Управата за финансиско разузнавање и претставници на управата.

На средбата се разговараше за тековната работа на управата и активностите во насока на спречување на перење пари и финансирање на тероризам, како и напорите за натамошно зајакнување на сопствените кадровски и технички капацитети на оваа институција.

Претставниците на управата го информираа претседателот Пендаровски и за тековната соработка и координација меѓу сите институции вклучени во системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам.

На средбата се разговараше и за меѓународната и регионална соработка на управата, во насока на размена на информации и искуства.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More