Home » Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Жељка Цвијановиќ, членка на Претседателството на Босна и Херцеговина

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Жељка Цвијановиќ, членка на Претседателството на Босна и Херцеговина

by Журнал.мк

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска оствари средба со Жељка Цвијановиќ, членка на Претседателството на Босна и Херцеговина во Тиват, Црна Гора, каде учествуваат на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони.

На средбата беше изразено задоволство од одличните пријателски односи и соработка меѓу двете земји кои се карактеризираат со заемна поддршка и почит, при што беше изразен интерес за натамошно унапредување на политичкиот дијалог и продлабочување на билатералната соработка во сите сфери од заемен интерес, пред сè на економски план.

Претседателката Сиљановска Давкова ја изрази македонската поддршка за европските и евроатлантските аспирации на Босна и Херцеговина, како и нашата подготвеност за размена на искуства со БиХ.

Двете соговорнички констатираа дека унапредувањето на регионалната соработка со цел справување со предизвиците, како и напредок на европската интеграција на земјите од Западниот Балкан се од круцијално значење за стабилноста и просперитетот на регионот.

На средбата стана збор и за минатонеделните поплави во Босна и Херцеговина, при што претседателката Сиљановска Давкова изрази длабоко сочувство до семејствата на настраданите и брзо закрепнување на повредените.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk