Home » Средба на претседателката Сиљановска Давкова со турскиот амбасадор Фатих Улусој

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со турскиот амбасадор Фатих Улусој

by Журнал.мк

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска оствари средба со турскиот амбасадор Фатих Улусој. На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателката, биле разменети мислења за севкупните билатерални односи, коишто се традиционално пријателски, во духот на стратешкото партнерство меѓу двете држави и сојузништвото во НАТО алијансата.

– Претседателката Сиљановска Давкова се заблагодари за севкупната поддршка што Турција ја дава од првите денови на македонската независност и ја истакна својата посветеност да работи на натамошно унапредување на односите меѓу двете држави во сите сфери од заемен интерес. Во тој контекст, претседателката Сиљановска Давкова посочи на потребата за создавање на неопходните услови за интензивирање на соработката меѓу бизнисите од двете држави, со цел зголемување на трговската размена, се вели во соопштението.

На средбата биле разменети мислења за актуелните состојби во двете земји, безбедносните и политичките случувања во регионот, како и за предизвиците во однос на македонските евроинтеграции.

Претседателката Сиљаноска Давкова изразила очекување дека Турција и во иднина ќе биде конструктивен партнер и поддржувач на нашата држава на билатерален и на мултилатерален план.

На средбата била нагласена и улогата и придонесот на турската заедница во севкупниот развој на државата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More