Home » Средба на Николоски со Тим Рид, извршен директор на Извозно кредитната агенција на Британија

Средба на Николоски со Тим Рид, извршен директор на Извозно кредитната агенција на Британија

by Журнал.мк

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, вчеравечер во Лондон остварил работна средба со Тим Рид, извршен директор на Извозно кредитната агенција на Обединетото Кралство.

На средбата, соопштија денеска од Министерството за транспорт, се разговарало за економската соработка меѓу двете земји во делот на реализација на капиталните инвестиции.

Николоски ги истакнал плановите на Владата за развој и модернизација на инфраструктурата со посебен акцент на патната и железничката мрежа.
„Тој потенцираше дека проектите што ги опфаќа инвестицискиот план на Владата на Република Македонија, покрај развој на домашната економија имаат и регионално значење, а придобивките од нив се повеќекратни за земјите од Западен Балкан“, се наведува во соопштението.
На средбата биле разменети информации околу потенцијалната соработка меѓу двете земји и подршката што може да ја обезбеди оваа Агенција во рамки на нејзините државни политики.

Како што стои во соопштението било истакнато дека Обединетото Кралство е стратешки партнер на Македонија во развојот на земјата и во тој конткест политиките ќе се насочат кон подршка на економскиот и општествениот развој.
Работните средби на вицепремиерот Николоски продолжуваат и денеска во Лондон каде е планирано да се реализираат одвоени средби со Стивен Даути, министер задолжен за Европа, како и со Дејм Карен Пирс, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk