Home » Средба на Муцунски со специјалниот пратеник за Западен Балкан, Жолт Бунфорд

Средба на Муцунски со специјалниот пратеник за Западен Балкан, Жолт Бунфорд

by Журнал.мк

Средба на министерот Муцунски со специјалниот пратеник за Западен Балкан, Жолт Бунфорд – фокус на евроинтеграциите и билатералните односи со Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Унгарија, Жолт Бунфорд.

Двајцата соговорници се осврнаа на динамичниот и континуиран политички дијалог меѓу двете пријателски земји во изминатите три децении, како и на одличната билатерална соработка во бројни сектори, со посебен акцент на економскиот план.

Фокусот на разговорите беше ставен на европската перспектива на земјите од регионот и на принципиелната и континуирана унгарска поддршка во овој контекст, која особено дојде до израз за време на претседавањето на Унгарија со Советот на Европската Унија. Упатувајќи благодарност за недвосмислената и силна поддршка на Унгарија и вложените напори во поддршка на нашата европска интеграција, министерот Муцунски ја нагласи посветеноста на Владата за продолжување на европскиот пат преку исполнување на значајни реформи на домашен план и одговорно дејствување на меѓународната сцена.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk