Home » Средба на министерот Муртезани и заменик-министерката Трајков со шефицата на дипломатската канцеларија на Литванија во земјава, Дамбраускиене

Средба на министерот Муртезани и заменик-министерката Трајков со шефицата на дипломатската канцеларија на Литванија во земјава, Дамбраускиене

by Журнал.мк

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани заедно со заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков утрово оствариле средба со шефицата на дипломатската канцеларија на Република Литванија во земјава, Вилма Дамбраускиене.

На средбата, како што соопштија од Министерството за европски прашања, соговорниците ги потврдиле пријателските односи и добрата билатерална соработка помеѓу двете земји.

Министерот Муртезани го поздравил отворањето на дипломатската канцеларија на Литванија во Скопје, која отвора можности и перспективи за развој и продлабочување на односите.

Дамбраускиене, стои во соопштението, ја потврдила цврстата поддршка на Литванија на Северна Македонија на нејзиниот евро-интегративен пат, која Литванија континуирано ја дава за земјите од Западен Балкан преку групата „Пријатели на проширувањето”, која работи на воведување на мерки за развој на економиите од регионот.

– Литванија е важен партнер на Северна Македонија и сојузник во НАТО, посочуваат од Министерството за европски прашања.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk