Дводневната средба на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Алијансата што почнува денеска во Брисел и на која ќе учествува и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Средбата ќе започне со заседание на Северноатлантскиот совет, по кое на шефовите на дипломатиите на членките на НАТО ќе им се придружат и нивните колеги од четирите земји партнери од Азиско-пацифичкиот регион – Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд.
Приоритетните безбедносни предизвици, поддршката и перспективите за Украина, зајакнувањето на партнерствата и одбранбените капацитети и подготовките за јунскиот Самит на НАТО во Хаг, ќе бидат главни теми на дводневната средба на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Алијансата што почнува денеска во Брисел и на која ќе учествува и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Средбата ќе започне со заседание на Северноатлантскиот совет, по кое на шефовите на дипломатиите на членките на НАТО ќе им се придружат и нивните колеги од четирите земји партнери од Азиско-пацифичкиот регион – Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд.
Првиот работен ден на состанокот ќе заврши со формално заседание на Советот НАТО-Украина во форма на работна вечера, на која украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха ќе информира за моменталната ситуација во земјата, како и за перспективите во процесот кон постигнување праведен и траен мир.
На заседанијата е предвидено да учествува и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, кој ќе има и посебна средба со шефовите на дипломатиите НАТО на утрешното продолжение на состанокот.
Како што информира генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во најавата на состанокот, на него министрите ќе се фокусираат на зајакнување на колективна одбрана, која е темелот врз кој е изградена Алијансата и која е прв приоритет на земјите членки.