Home » Средба на министерот Муцунски со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел

Средба на министерот Муцунски со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел

by Журнал.мк

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на средба ја прими амбасадорката на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, Узлем Џанел.

На средбата беа потврдени одличните билатерални односи меѓу двете земји, кои се темелат на пријателство, доверба и заеднички вредности. Министерот Муцунски се заблагодари за принципиелната и континуирана поддршка од Холандија за евроинтеграциите на државата и ја нагласи посветеноста на Владата во спроведување на реформите неопходни за напредок во овој процес.

Како НАТО сојузници, соговорниците ја поздравија соработката меѓу двете земји во рамките на Алијансата и ја потврдија подготвеноста за натамошна координација во пресрет на претстојниот Самит на НАТО, кој ќе се одржи во јуни 2025 година во Хаг, Холандија. Во разговорите беа разменети мислења за актуелните меѓународни и регионални предизвици, како и за зајакнување на соработката во мултилатералните формати, со цел зачувување на безбедноста и стабилноста на европскиот континент.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk