Home » Средба на министерката Божиновска со шпанскиот амбасадор

Средба на министерката Божиновска со шпанскиот амбасадор

by Журнал.мк

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. На средбата присуствуваше и советникот за економски прашања со седиште во Софија, Хавиер Морал Ескудеро.

Разговорите беа фокусирани на зајакнување на билатералната соработка посебно во делот на енергетиката. Министерката Божиновска и амбасадорот Сориано Ортиз разговараа за можностите за инвестициска соработка, размена на искуства и технологии, како и потенцијални заеднички проекти во обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и одржливиот развој.

Шпанија е значаен партнер во енергетскиот сектор со богато искуство во развојот на зелени технологии и обновливи извори на енергија, што претставува вредна основа за идни проекти и иницијативи. Шпанскиот амбасадор се залага за поцврста соработка, а компании од Шпанија веќе пројавиле интерес за поголемо вклучување во проекти во Македонија. За таа цел, Морал Ескудеро ја информираше министерката дека бизнис форумот што се одржува во Мадрид, Шпанија оваа година е одлична можност шпанската бизнис-заедница да слушне повеќе за можностите што ги нуди Македонија и да се остварат контакти што на земјата би и донеле можности за нови инвестиции и нови партнери.

Двете страни изразија подготвеност за продлабочување на соработката преку конкретни иницијативи кои ќе придонесат за енергетската транзиција и одржлив економски развој.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на градење на силни партнерства со меѓународни партнери, со цел обезбедување сигурна, одржлива и конкурентна енергетска иднина за земјата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk