Home » Средба на министерката Јаневска со шефот на мисијата на ОБСЕ Вал

Средба на министерката Јаневска со шефот на мисијата на ОБСЕ Вал

by Журнал.мк

Градењето училишта како хармонични средини кадешто се поттикнува меѓусебната доверба меѓу учениците од различни етнички заедници, е залог за создавање општество кое ја цени различноста и инклузивноста. Со иницијативи и активности кои поттикнуваат атмосфера на почит и разбирање, можеме да им помогнеме на учениците да развијат чувство на емпатија и соработка што ги надминува ограничувањата и придонесува за развој на општеството како функционална целина, се согласија на денешната средба министерката за образование и наука Весна Јаневска и нејзиниот соговорник, шефот на мисијата на ОБСЕ амбасадорот Килиан Вал.

-Заедничките наставни и воннаставни активности на учениците од различно етничко потекло овозможуваат учениците слободно да ги изразуваат мислењата, да ги согледуваат различните перспективи и ја зголемуваат толеранцијата. При тоа, наставниците го моделираат инклузивното однесување и ја поттикнуваат соработката, што води кон градење доверба меѓу учениците, наведува МОН во соопштение.

Министерката Јаневска се заблагодарила на амбасадорот Вал за континуираната логистичка и финансиска помош во борбата против етничките стереотипи и предрасуди, преку развивање чувство на заедништво и припадност, што придонесува за градење капацитети за социјален мир, безбедност и напредок на заедницата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More