Home » Средба на генералните секретари на македонскиот и азербејџанскиот парламент

Средба на генералните секретари на македонскиот и азербејџанскиот парламент

by Журнал.мк

Во рамки на официјалната посета на Република Азербејџан од 17-19 јуни 2025 година, генералниот секретар на Собранието Марина Димовска, оствари средба генералниот секретар на Националното Собрание (Мили Меџлис) на Азербејџан, Фарид Хаџиев.

Генералниот секретар Димовска изрази благодарност за гостопримството од страна на Националното Собрание на Азербејџан и изрази надеж дека во наредниот период соработката меѓу двата парламенти, на ниво на служба, ќе се интензивира.

Таа додаде дека приоритет за македонското Собрание е унапредување на капацитетите и ефикасноста во работата, поради што секое позитивно искуство, секоја нова практика што ќе значи унапредување на процесите за нас ќе биде добредојдено. Во оваа насока, додаде Димовска, може да се гледа идната заедничка соработка меѓу двете собранија.

Таа информираше дека македонското Собрание интензивно работи на дигитализација на процесите. Истовремено, ја претстави работата на Парламентарниот Институт на нашето Собрание, за што генералниот секретар Хаџиев покажа посебен интерес.

Во однос на дигитализацијата, Хаџиев истакна дека службите на Мили Маџлисот во моментов работат на креирање мобилна апликација за пратениците и службата, која ќе го поедностави, а во исто време ќе ја зголемите ефикасноста во работењето.

Двајцата соговорници се согласија дека парламентите се најважната институција во една држава, тие не само што се носители на законодавниот процес, туку вршат и надзор на неговата имплементација, поради што е важно постојано да се работи на унапредување на стручноста, ефикасноста и знаењето на службата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk