Home » Средба на Али Ахмети со Вјоса Османи

Средба на Али Ахмети со Вјоса Османи

by Журнал.мк

Претседателот на Демократската унија за интеграција, г. Али Ахмети, денес беше пречекан во Приштина од страна на претседателката на Република Косово, г-ѓа Вјоса Османи. Средбата се одржа во топла атмосфера и се фокусираше на политичката ситуација во двете земји, регионалните предизвици, меѓусебната соработка и загрижувачките случувања во Северна Македонија.

Г. Ахмети ѝ се заблагодари на претседателката Османи за топлиот прием и го пофали нејзиниот лидерски ангажман во достоинственото претставување на Косово на меѓународната сцена. Тој ги поздрави успешно завршените избори и изрази очекување за брзо формирање на институциите, како и за потребата од поблиска координација и заеднички ставови во одбрана на заедничките интереси и зачувување на стабилноста, мирот и евроатлантската интеграција во регионот.

Во овој контекст, г. Ахмети ја изрази својата длабока загриженост за влошувањето на политичката и институционалната состојба во Северна Македонија, каде Албанците се под систематски напад од еден хибриден политичко-олигархиски блок со етнички супремацистички карактер и со политички инжињеринг на албанското претставување.

„Денес, Албанците се соочуваат со опасна офанзива насочена кон демонтажа на клучните столбови на Охридскиот рамковен договор. Уставниот суд се трансформира во партиски инструмент со кој се укинуваат темелите на еднаквоста, како што се употребата на албанскиот јазик и механизмите на Бадентеровото мнозинство и балансерот. Ова претставува флагрантно прекршување на принципот на меѓуетничка еднаквост,“ истакна г. Ахмети.

Тој додаде дека европската агенда е маргинализирана, а земјата е оддалечена од патот на интеграцијата и соживотот.

За првпат, во јавниот и политичкиот дискурс почнуваат да навлегуваат алтернативни идеи спротивни на мултиетничкиот и унитарен карактер на државата, како што е предвидено со Охридскиот рамковен договор.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk