Home » Средба Муцунски – Тигањ и Клаин

Средба Муцунски – Тигањ и Клаин

by Журнал.мк

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска се сретна со амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ.

На средбата заеднички беа потврдени традиционално пријателските односи меѓу двете земји кои во иднина ќе се унапредуваат и продлабочуваат со посебен фокус на економската соработка.

Тема на разговорите беше интегрирањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ, при што соговорниците се согласија дека проширувањето на Унијата ќе биде поттик не само за земјите од регионот, туку и суштински интерес за земјите членки.

МНР Муцунски изрази благодарност за континуираната и безрезервна поддршка од Хрватска за наше членство во Европската унија. Воедно, беше нагласена потребата заеднички и интензивно да се работи во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски оствари средба со амбасадорот на Унгарија, Андраш Клаин.


Муцунски упати честитки за преземањето на претседавањето со Советот на ЕУ од страна на Унгарија, изразувајќи задоволство што политиката на проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан ќе биде меѓу приоритетните цели. Беше изразено заемно очекување за напредок на земјава на евроинтегративниот пат за време на унгарското претседавање, како и заложба за соработка меѓу двете земји во таа насока.

На средбата, министерот Муцунски истакна дека во годината кога со Унгарија одбележуваме значаен јубилеј – 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи ќе продолжат заложбите за зајакнување на соработката и партнерството.

Двете страни, се осврнаа и на соработката во рамки на НАТО, нагласувајќи го заемниот придонес за зачувувањето на целокупната трансатлантска стабилност. Соговорниците разменија мислења и за регионалните случувања, како и за актуелните надворешно – политички теми.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More