Home » Средба Муцунски – Јодер во Вашингтон

Средба Муцунски – Јодер во Вашингтон

by Журнал.мк

На средбата стана збор за борбата против корупцијата и поддршката на САД во делот на владеењето на правото, што е меѓу приоритетите во рамките на Стратешкиот дијалог. Министерот Муцунски изрази благодарност за континуираната поддршка за демократски процеси во земјава.

“Високо ја цениме одлука на американската Влада за зголемување на фондовите за меѓународна контрола на наркотици и спроведување на законот, со посебен фокус на развојните програми за Граѓанска безбедност и спроведување на законот, како и за владеење на правото.”, истакна министерот Муцунски на средбата.

Воедно, соговорниците ја истакнаа потребата од забрзување на евроинтегративниот процес на земјава. Во таа смисла, беше реафирмирана силната поддршка од САД за нашето членство во ЕУ. Поздравено беше и силното сојузништво во рамки на НАТО, поддршката за Украина, како и континуираните заеднички заложби за справување со глобалниот тероризам и современите безбедносни предизвици.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk