Home » Средба Божиновска – Пјат: Македонија со подадена рака од САД успешно ќе чекори кон зелената транзиција

Средба Божиновска – Пјат: Македонија со подадена рака од САД успешно ќе чекори кон зелената транзиција

by Журнал.мк

Во рамките на работната посета на САД, Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска во Вашингтон оствари средба со Џефри Рос Пјат, Помошник државен секретар на САД за енергетски ресурси. На средбата, министерката, заедно со вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџети, разговараа околу националните стратешки енергетски цели, зелената транзиција и потребата од инвестиции во гасификацијата и обновливи извори на енергија.

-Една од стратешките цели на Владата е во наредниот период да ја намали увозната зависност на земјава од електрична енергија. Зелената транзиција и декарбонизацијата се меѓу приоритетите во наредниот период, а од клучен интерес е брз старт со реализација на проекти за производство на електрична енергија од обновливи извори кои ќе бидат додадена вредност за електроенергетскиот систем. Ја прилагодуваме и законската регулатива согласно строгите ЕУ директиви, која ќе ни биде своевиден патоказ според кој ќе се движиме во иднина – истакна Божиновска на средбата со Пјат.

Владините претставници, со високиот претставник на САД, разменија мислења во врска со активностите кои во наредниот период ќе се реализираат во сегментот гасификација. Со оглед што целосниот процес, како и изградбата на интерконтектори со соседните земји е еден од приоритетите, се разгледуваа и можностите за евентуалното приклучување на земјава кон постојните гасоводи во регионот. Со приклучок кон Трансанадолискиот гасовод(ТАНАП) и кон Трансјадранскиот гасовод(ТАП), Македонија значително би ја зајакнала својата енергетска безбедност и иднина, со оглед дека иднината кон енергетската транзиција е токму замена на јагленот, со гасните коридори.

Во наредниот период, САД остануваат силни стратешки партнери на земјава кон зелената транзиција.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk