Home » Србин сместен во психијатарска болница откако со кола без да застане ја поминал грчко-македонската граница

Србин сместен во психијатарска болница откако со кола без да застане ја поминал грчко-македонската граница

by Журнал.мк

На 02.04.2025 во 10.27 часот на Граничниот премин Богородица, патничко возило „ауди” со српски национални ознаки, ја избегнало граничната контрола, односно без да запре и да му се извршат гранични проверки и царинска контрола, преку лентата за автобуси, остварило влез и се упатило по автопатот во правец кон Скопје.

Исто така и од Граничниот премин Евзони – Р.Грција било известено дека возилото на ист начин ја избегнало граничната контрола и на грчката страна. По преземени мерки возилото било запрено на наплатна рампа „Смоквица“.

По извршената контрола, констатирано било дека возилото било управувано од Н.Т. (42) од Р.Србија, а во возилото сопатници биле неговата сопруга и две малолетни деца. Н.Т. е приведен и привремено згрижен во психијатриската болница во Негорци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk