Home » Србија забележа раст на бројот на странски туристи од 11%

Србија забележа раст на бројот на странски туристи од 11%

by Журнал.мк

Директорката на Туристичката организација на Србија, Марија Лабовиќ изјави дека 2024 година е нова рекордна година за српскиот туризам, како и пораст од 11 отсто на бројот на странски туристи.

Лабовиќ за денешната „Политика“ вели дека поголемиот број ноќевања донел за 11 отсто поголем девизен прилив од туризмот во првите 10 месеци од оваа година, споредено со истиот период во 2023 година, пренесува Бета.

„Според последните податоци на Народната банка на Србија, девизниот прилив заклучно со октомври изнесува 2,3 милијарди евра“, рече Лабновиќ.

Според неа, најголем број ноќевања до октомври оствариле туристите од Русија, Турција, Кина, Босна и Херцеговина и Германија, додека во „топ 10“ се вклучени и туристи од Романија, Македонија, Црна Гора, Хрватска и Бугарија.

Позитивно изненадување е што бројот на странски туристи е зголемен за цели 11 отсто, а таков тренд можеме да очекуваме во 2025 година“, рече Лабовиќ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk