Home » Србија за 7 месеци годинава со рекорден приход од 1,5 милијарди евра од странски гости колку во цела 2019 г.

Србија за 7 месеци годинава со рекорден приход од 1,5 милијарди евра од странски гости колку во цела 2019 г.

by Журнал.мк

Србија од јануари до јули годинава остварила рекордни приходи од 1,5 милијарди евра од странски гости, што за седум месеци го надминала резултатот од целата 2019 година, изјави денеска државниот секретар во Министерството за туризам и млади Урош Кандиќ.

Тој во изјавата за Бета вели дека за седум месеци од годинава девизниот прилив е зголемен за 16 отсто во однос на истиот период од претходната рекордна година и дека е за речиси 10 отсто поголем од цела 2019 година.

Тој нагласи дека со значителниот раст на девизниот прилив, туризмот е меѓу најважните учесници во секторот за извоз на услуги и сочинува околу една петтина од вкупниот извоз на услуги во Србија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk