Home » Србија со нов спонзор се враќа назад со дресови инспирирани од Југославија!?

Србија со нов спонзор се враќа назад со дресови инспирирани од Југославија!?

by Lina Muslija

Фудбалската репрезентација на Србија по крајот на актуелната фудбалска сезона ќе направи промена на главниот спонзор и во иднина ќе набавува опрема од американската компанија „Капели“.

Деби во дресовите од новиот партнер и спонзор Србија ќе има против Англија во квалификациите за Светското првенство на 9 септември во Белград. Според најавите на „Mozzartsport“, дизајнот на дресот ќе биде револуционерен. Имено, Србите размислуваат да се вратат назад и да заиграат повторно во боите на Југославија.

Според најавите, се очекува одново да се врати сино-белата комбинација на дресовите, какви што во минатото носеше репрезентацијата на Југославија. Исто така, со такви дресови настапуваше и селекцијата на Србија и Црна Гора пред двете земји да се одвојат.

Оттогаш наваму Србите играа во други бои, главно црвена или бела, а сега е најавено навраќање наназад. Новата ера со новиот спонзор може да донесе и редизајн на грбот, а останува да се види дали сината комбинација би се користела само за мечот со Англија или и во иднина.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk