Home » Србија праќа уште еден хеликоптер „Ербас Х215 Супер Пума“ за гаснење на пожарите во Македонија

Србија праќа уште еден хеликоптер „Ербас Х215 Супер Пума“ за гаснење на пожарите во Македонија

by Журнал.мк

Хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи на Србија „Ербас Х215 Супер Пума“, со капацитет од три тони вода, со шест припадници на хеликоптерската единица и еден припадник на секторот за вонредни ситуации, е испратен врз основа на договор со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателката на Македонија, Гордана Силјановски Давкова, се наведува во соопштението, пренесе Телеграф.

Министерството за внатрешни работи на Република Србија, во одговор на официјалното барање од Центарот за управување со кризи на Владата на Македонија, поради пожарите во источниот дел на земјата, минатата недела прати хеликоптер „Агуста Бел 212“ со пет члена на хеликоптерската единица и еден припадник на Секторот за вонредни ситуации.

Во последните три дена, хеликоптерот на МУП беше активен во регионот на село Јамница, во општина Пробиштип, и даде значителен придонес во справувањето со пожарот во областа на Долно Ѓуѓанци, близу градот Свети Николе, исто така и во регионот на село Рамно во општина Старо Нагоричане, како што се наведува во соопштението.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More