Според републичкиот Завод за статистика на Србија, вкупната вредност на прометот со земјоделски производи на пазарите во Република Србија за првите шест месеци од 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, изразена во тековни цени, е поголема за 2,2%.
Во вредносната структура на прометот на земјоделски производи на пазарите за првите шест месеци од 2024 година најголем дел заземаат следните групи производи: зеленчук (28,2%), живина и јајца (18,1%), овошје и грозје (16,4 %) и млеко и млечни производи (15,9%).
Вкупната вредност на прометот на земјоделски производи на пазарите во Србија во 2023 година, во однос на 2022 година, изразена во тековни цени, беше повисока за 7,5%.
Продадени се земјоделски производи во вредност од околу 53,1 милијарди динари, што по сегашни цени е за околу 3,7 милијарди повеќе од 2022 година.