Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит денеска изјави дека е укинат меморандумот на Канцеларијата за менаџмент и буџет на САД (OMБ) со која беа замрзнати исплатите на федералните финансиски инструменти (заеми, сите видови на помош, грантови и дотации), но дека самото замрзнување на парите останува во сила.
Замрзнувањето беше објавено во понеделникот преку документ на ОМБ, но федералниот суд го блокира во вторникот. При примената на новата мерка на Трамп дојде и до запирање на парите за здравствено осигурување на над 70 милиони најсиромашни Американци, а беше запрена и исплата и на секаква социјална помош.
Меѓу скратените пари од федералните фондови се најдоа и старечки домови, бесплатни градинки, народни кујни, но по поништениот документ за замрзнување овие институции добија трошка надеж дека програмите ќе опстанат.
Пресвртот со одлуките има за цел да спречи нови судски одлуки со кои би се суспендирале документите произлезени од одлуките на Трамп. На овој начин, во сила остануваат неговите одлуки и наредби, но нема документи кои би се обжалиле или би биле суспендирани на суд.
Одлуката се однесува на федералните финансиски средства кои се трошат за американски граѓани додека не се однесува на забраната за исплата на проекти во странство меѓу кои се замрзнати и проекти во Македонија, во државниот сектор, во локалната власт, во образованието и во невладиниот сектор.
Трамп во средата изјави дека целта на привременото замрзнување на финансирањето на одредени несуштински програми е за да се обезбеди доволно време за проверка дали има случаи на измама, расипничко или неоправдано трошење на јавните пари.
Американскиот претседател наведе и дека е запрена исплата на 1,7 милијарди долари на организации и ентитети надвор од САД.
Белата куќа го укина меморандумот со кој се замрзнуваат федералните средства, но замрзнувањето останува на сила. Оваа одлука следи по блокадата на федералниот суд, а нејзината цел е да се избегнат дополнителни правни компликации… Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека замрзнувањето на средствата е привремено, за да се направи проверка за можни злоупотреби и расипништво. Со овој чекор беше запрено финансирањето за проекти во странство, вклучувајќи ги и оние во Македонија.