Home » Спречен обид за шверц на женски чанти, куфери и ранец

Спречен обид за шверц на женски чанти, куфери и ранец

by Журнал

Спречен обид за криумчарење на 45 женски чанти, 4 куфери и 1 ранец по извршена контрола од страна на царински службеници на граничниот премин Меџитлија, соопштија од Царинската управа.

Непријавената стока е откриена при контрола на патничко моторно возило кое се пријавило на влез во држвава. Поради сомнение во изјавата на возачот извршена е физичка контрола на возилото, при што во возилото во просторот помеѓу седиштата и во багажниот простор пронајдени се непријавени 45 женски чанти, 4 куфери и 1 ранец. Непријавените производи се привремено задржани, а против лицето е поведена соодветна прекршочна постапка, истакнуваат од Царина.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More