Home » Спречен обид за шверц на 115 парчиња опрема за скијање на ГП Табановце

Спречен обид за шверц на 115 парчиња опрема за скијање на ГП Табановце

by Журнал

На влез на граничниот премин Табановце минатата недела е спречен обид за нелегално внесување на разновидна опрема за скијање во вредност од околу 243 илјади денари, за која е избегнато плаќање на царински увозни давачки од 53 илјади денари, соопштија денеска од Царинската управа.

– Стоката е пронајдена при детален преглед на патничко возило со македонски регистарски таблички управувано од македонски државјанин, откако возачот изјавил дека нема ништо да пријави за царинска контрола. При извршената контрола, царинските службеници во багажникот на возилото пронајдоа 115 парчиња опрема за скијање, меѓу која: кациги, даски, скии, стапови, наочари, ранци и облека за скијање, појаснуваат од Царинската управа во соопштението.

Против лицето е поднесена пријава за царински прекршок по член 263 од Царинскиот Закон, а стоката е привремено одземена.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk