Home » Спречен обид за криумчарење цигари на „Богородица“: македонски државјанин се обидел да избегне плаќање давачки од 113 илјади денари

Спречен обид за криумчарење цигари на „Богородица“: македонски државјанин се обидел да избегне плаќање давачки од 113 илјади денари

by Журнал.мк

Спречено криумчарење на 72 штеки цигари што македонски државјанин без да ги пријави сакал да ги внесе во Македонија преку граничниот премин Богородица. Вкупната вредност на штеките цигари изнесува 167.588 денари при што вкупните давачки што лицето сакало да ги избегне изнесуваат 113.228 денари.

Царинските службеници ги открија штеките цигари во кабината на камионот со кој управувало лицето. Цигарите биле скриени позади тапацирот во фабричката шуплина наменета за изолација на кабината.
Штеките со цигари се одземени, а против лицето се води соодветна постапка.

Царинска управа во рамки на своите надлежности спроведува активности за заштита на финансиските интереси на државата и сузбивање на нелегалната трговија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk