Home » Спречен нелегален транспорт на телиња

Спречен нелегален транспорт на телиња

by Журнал.мк

Од страна на граничната полиција на Република Северна Македонија на влез на градот Дебар при редовна контрола на товарно патничко возило со скопски регистарски ознаки утврдено е дека се врши нелегален превоз/транспорт на животни без соодветни документи за движење на животните (искористени сертификати за движење на животните од истото одгледувалиште), со валидни пасоши за животните.

При извршениот вонреден инспекциски надзор од страна на официјален ветеринар од подрачна единица на Агенција за храна и ветеринарство ( АХВ) од Дебар, констатирано е дека се работи за превоз на 17 говеда (телиња) на старост од 8 до 10 месеци, со потекло од одгледувалишта во село Витолиште, општина Прилеп.

Од страна на официјалниот ветеринар животните се одземени и предадени се на понатамошно постапување од страна на Агенцијата за одземен имот. Во текот на денешниот ден од страна на официјален ветеринар ќе биде постапено согласно надлежностите од Законот за ветеринарно здравство и Законот за идентификација и регистрација на животните. Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со бескомпромисната борба против корупцијата и справување со сите незаконски дејствија од минатото.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk